Апел на швајцарските власти: Купете свеќи и набавете дрва

Сподели со своите пријатели

Швајцарските граѓани треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, изјави шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбиел за „Noe Züricher Zeitung“ (NZZ).

Loading...

Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос во врска со струјата, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој.

Посочи дека политиката на предупредување на „Елком“ во изминатите години била земена несериозно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Доколку има недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлени реклами.

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.