Антички вински подрум откриен во Египет

Сподели со своите пријатели

Ахеролозите во подрачјето на Нил во Египет пронашле вински подруми од грчко – римскиот период.

Loading...

Египетското Министерство за антиквитети соопштило дека ископувањата биле вршени во местото Тел ком ал Троги, што е подрачје кое во антиката било познато по добрите вина.

Просториите биле направени од печени цигли, додека за контрола на температурата се користеле варовнички блокови.

Во складиштата не е пронајдено вино.

Грчко-римскиот период во Египет започнал со падот на земјата под власта на Александар Македонски во 4. век пред новата ера и траел до исламското совојување во 7 век од новата ера.

Египет се надева дека таквите откритија ќе го потикнат туризмот и стопанството кое претрпе голема штета во периодот од „Арапската пролет“ во 2011 година.

Leave a Reply