Анкета: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно! Максим е веќе пред Апасиев

Сподели со своите пријатели

Расте поддршката за ВМРО ДПМНЕ во однос на СДСМ и ДУИ, како и поддршката за Максим Димитриевски наспроти Левица, покажува анкета на ИПИС направена по нарачка на порталот Вечер.

Loading...

Како што пишува Вечер, повикувајќи се на својата анкета, јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%.

СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работодавачите утре да не извршуваат дејност, предупреди Државниот инспекторат

Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ.

 

 

Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија.

Loading...

Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Упатство за гласање на претседателските избори

Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг.

Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив.

 

Целосната анкета е достапна ТУКА.