Анита го изгребала носот додека била во бавчата, тогаш почнала нејзината борба за живот (фото)

Сподели со своите пријатели

Мајка на две деца замалку ќе починала откако го изгребала носот. Овој наизглед безопасен случај довел до смртоносна инфекција на лицето, пишува „Дејли Мејл“.

Анита Кларк (50) била многу исплашена откако лицето и се подувало, а еден дел дури почнал и да потемнува. Медицинската сестра од Клејтон во Манчестер не можела да утврди што тргнало по зло, се додека лекарите не забележале мала гребнатинка на нејзиниот нос.

Кларк добила целулитис, инфекција која е опасна по живот и која може да доведе до сепса или оштетување на бубрезите ако не се лечи брзо.

Бев преплашена, мислев дека моето лице нема да се врати во нормала. Мислев дека ќе мора да изгледам како алигатор – рекла таа.

Loading...

И рекле дека целулитисот може да се добие од четки за шминкање, но тоа со неа не бил случајот. Тогаш ја забележале гребнатинката на носот. Тие мислат дека ја добила инфекцијата додека работела во бавчата. Биле потребни пет недели лицето да и се врати во нормала, а лекарите се загрижиле да не дојде до оштетување на очите.

Бев во болница девет дена. Ми даваа антибиотици во обид да ја извлечат течноста од моето лице. Ми направија снимка на очите за да проверат целулитисот да не влијае на мојот вид. За среќа се помина добро – рекла таа.

Во јули минатата година работела во бавчата и започнала да чувствува дека и се врти во главата.

Ми беше многу лошо. Одлучив претходно да одам на спиење за да натуро се чувствувам подобро. Кога се разбудив имав главоболки, но сепак заминав на работа. колегата тогаш ми рече дека носот ми личи како на Рудолф – додава таа.

Откако се погледнала во огледалото, сфатила дека нешто не е во ред.

Шефот веднаш ме испрати дома и ми рече да одам да легнам. Кога се разбудив, мојот сопруг Дејв веќе дојде дома. Бев облиена со пот и не можев да дишам – раскажува Кларк.