Ангелов: Тажно е тоа што се случи во Челопек, еден живот е загубен

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишната Стојанка од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане е првата жртва на пожарите кои овие денови беснеат низ Македонија.

Loading...

Информацијата на прес конференција ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој упати сочувство до нејзиниот сопруг.

– Сакам да изразам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Тоа е она што го зборуваме на прво место е безбедноста на луѓето, куќите ќе ги направиме, ќе помогне владата и општината, дрвјата ќе пораснат, им треба многу време, но колку буки и борови вреди еден човечки живот. Да се фокусираме на спасување човечки животи, на заштита на човековото здравје, рече Ангелов.

 

Алармантно во кумановско: Осум нови пожари, изгорени повеќе куќи (ГАЛЕРИЈА)

 

Инаку, според последните информации на терен, телото на жената сѐ уште не е извадено од куќата и полицијата на го потврдува официјално случајот, додека не заврши увидот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply