03.08.2019 10:29

Ангела Јанкуловска ново засилување на ЖРК Куманово


Ангела Јанкуловска е новото засилување на екипата на Женскиот ракометен клуб Куманово, која доаѓа од Пелистер.

Јанкуловска игра на позицијата лев бек, а освен во Пелистер минатата сезона настапуваше и во кадетската репрезентација на Македонија.

loading...

Покрај новиот тренер селекторот Симе Симовски и Јанкуловска, нови во тимот на Куманово се и ракометарките Чокели од Грузија и Косановиќ од Србија.

Договорот е обновен и со капитенот Александра Боризовска.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments