„Ангажирав приватен детектив да видам дали мажот ме изневерува! Она што ми го рече…“

Сподели со своите пријатели

Мојот сопруг ме изневеруваше две години, но колку и да ме уверуваше дека не се гледа со никого, јас никогаш не му верував, напиша една жена во анонимно писмо до терапевтот и колумнист на The Sun, Дејдре Сандерс.

Loading...

На крајот, вели таа, ангажирала приватен истражувач кој брзо го докажал неверството на нејзиниот сопруг.

– Тој има 35, а јас 33, и на почетокот ми рече дека се гледал со девојки за придружба пред бракот, но ме увери дека никогаш повеќе нема да плати за секс – вели таа.

Сепак, секогаш кога таа се обидувала да има сексуални односи, тој не можел и започнувал да го крие мобилниот телефон, но таа го погледнала еден ден додека бил под туш.

– Видов дека во последните неколку недели тој неколку пати прегледал веб-страници за придружните дами – вели жената, а кога се спротивставила на нејзиниот сопруг, тој ја обвинил дека „направила проблем од ништо“.

 

 

Loading...

Така, таа пронашла приватен истражувач на интернет и се согласила да го следи еден месец, 48 часа неделно.

– Тој беше многу професионален и секоја недела ми носеше извештај, а моите сомнежи веднаш беа потврдени – рече таа, а на фотографиите видела дека нејзиниот сопруг имал секс на совозачкото седиште во заедничкиот автомобил и, уште полошо, додека таа работела ги доведувал и во нивниот дом.

Иако долго време се сомневала дека сопругот ја изневерува, тоа, како што вели, ја шокирало.

„Ги оставив фотографиите на масата за да може да ги види веднаш штом ќе се врати дома од работа и само му реков да си ги спакува куферите“, вели таа, а од кога заминал не се чула со него.

Меѓутоа, кога поминала возбудата за следењето и конечното дознавање за вистината, започнала, вели таа, да се чувствува осамена и изневерена.

 

 

Loading...

– Како повторно да верувам на некого? го прашала терапевтот.

„И покрај тоа што ве лажеше две години, вие велите дека отсекогаш сте знаеле дека лаже“, напишала Деидре, што значи дека сè уште може да верува дека инстинктот ќе и каже каков е некој.

„Имавте лошо искуство, но тоа не значи дека сите се такви“, рече Дејдре.

Leave a Reply