Андреј Божиновски го фати крстот во црквата „Света Троица“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Крстот во црквата „Света Троица“ замина во рацете на Андреј Божиновски, деветнаесетгодишно момче од Куманово, кој имаше најмногу среќа од десетиците млади луѓе кои се пријавија за оваа манифестација.

Божиновски неколку години по ред скока по крстот и учествуваа на оваа манифестација, но годинава за прв пат среќата му се наклони нему.

Очекувам прво здравје, среќа, другото ќе си дојде. Им препорачувам на другите да скокаат за здравје и среќа, а другото во животот ќе си дојде само – вели Божиновски.

Како подарок од цркавата си доби икона, додека спонозрите на манифестацијата го даруваа со златно синџирче.