Андреј Бабиш најави кандидатура за претседател на Чешка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот премиер на Чешка, милијардерот Андреј Бабиш денеска објави дека ќе се кандидира за претседател на таа земја.

Loading...

Бабиш ова го изјави во телевизиски говор, по разговорот со својот сојузник, актуелниот претседател Милош Земан, чиј мандат истекува во јануари, пренесува АП.

Тој објасни дека неговата единствена цел е „луѓето да имаат подобар живот“.

На Бабиш се очекува да му се суди за измама поврзана со субвенции од Европската унија од 2 милиони долари.

Случајот се однесува на фарма која добила субвенции од ЕУ откако била префрлена од конгломератот на Бабиш Агроферт во сопственост на неговото семејство.

Подоцна, Агроферт повторно ја презеде сопственоста на фармата.

Субвенциите беа наменети за средните и малите претпријатија, така што Агроферт немал право на нив. Конгломератот подоцна ја врати субвенцијата.

Бабиш негира каква било вина и повеќепати изјави дека обвинувањата против него се политички мотивирани.

Loading...

Првиот круг од претседателските избори во Чешка ќе се одржи на 13 и 14 јануари, а вториот, на кој ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови, две недели подоцна.