Ана Шепард (30) од Унгарија се вознемирила кога наишла на првата седа коса. Имала само 13 години, а поради косата која набрзо побелела, добивала навреди од врсниците од училиште.
View this post on Instagram
Ја нарекувале Круела, популарен лик од цртаниот филм „101 далматинец“, а таа сега е горда на својот импресивен адут.
Ана денес го држи светскиот рекорд за најдолга коса, а како што вели ја мие само еднаш месечно.
View this post on Instagram
Таа смета дека тоа е најдобриот начин за нејзиното негување и одржување, а иако ја чешла еднаш неделно, понекогаш не го прави тоа неколку недели по ред.
Ана има повеќе од 17.000 верни следбеници на Инстаграм и со своите објави им праќа порака да ги прифатат своите маани и да ги сакаат. Нејзиното видео во кое објаснува дека ја мие косата еднаш месечно има над милион прегледи.
View this post on Instagram
„Ја молев мајка ми да ми дозволи да си ја бојадисам косата кога почнав да изгледам како старица. Бев толку тажна и загрижена, навистина изгледав старо. Луѓето зјапаа во моите сиви прамени и често добивав негативни критики и навреди. Научив да ја сакам мојата седа коса и таа стана мој заштитен знак“, објаснува Ана.
View this post on Instagram
Покрај тоа, Ана признала дека имала чудни барања од машките обожаватели, меѓу кои и еден следбеник кој ѝ понудил пари за да ѝ ја лиже косата.
„Бев изгубена и без текст“, рече Ана потсетувајќи се на бизарниот предлог.
„Последен пат се шишав на 14 години. Отидов на фризер и ја замолив да ми ги скрати врвовите, но таа драстично ми ја скрати косата. Оттогаш никогаш не се вратив на фризер. Ако некогаш имам потреба, јас само ја замолувам мајка ми да ми ја скрати косата, но тоа е само еднаш во неколку години“, истакна 30-годишната жена.
View this post on Instagram