Амстердам го намалува бројот на сувенирници за да има помалку туристи

Сподели со своите пријатели

Во наредниот период Амстердам планира да ги замени продавниците за сувенири со објекти кои се посоодветни за жителите и помалку привлечни за туристите.

Loading...

Со цел да се намали бројот на посетители и гужвите кои го комплицираат животот на локалното население, холандскиот град ќе им понуди на непрофитните организации пари за барови кои тие би ги користеле за сосема различни цели, кои придонесуваат за развој на заедницата. За оваа намена се издвоени 10 милиони евра.

 

 

Ова не е нова идеја во најголемиот холандски град, но очигледно требаше време да се финализира.

Холанѓаните со години се жалат на неподносливата врева и гужви во историскиот дел на Амстердам, кој секогаш е полн со туристи, а бидејќи имаа можност да видат како би изгледал градот без посетители за време на пандемијата, сега сѐ уште порешително да го вратат мирот во сопствениот град.

Нивните критики ги слушна и градоначалничката Фемке Халсема и најави „детуризација“.

Loading...

 

 

Ќе вклучува голем број мерки, меѓу кои и ограничување на сместувањето кое може да се изнајмува преку платформи како AirBnB, но и бројот на хотелски кревети.

По оваа мерка следува намалување на понудата во познатиот „Кварт на црвени фенери“, но и затворање на некои продавници кои продаваат работи што мештаните не ги купуваат.

Тоа се претежно продавници за нови кломпи, сирења спакувани специјално за туристи или вафли со Нутела.