АМСМ: Забрани за движење на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Авто-мото сојузот на Македонија препорачува задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за тешки товарни возила превентивно се воведува на планиските превои Стража и Маврово, додека забрана за тешки товарни возила иа втобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека на истиот патен правец за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, информираат од ЈП „Македонија-пат“.

Условите на патот на определени предели ги отежнува и маглата, па така се препорачува внимателно возење кај Страцин, Тетово и на планинскиот премин стража каде видливоста е намалена на 50 до 100 метри, информираат од АМСМ.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.