Американските војници креираа алгоритам за вистинско време за пиење кафе

Сподели со своите пријатели

Доколку сте голем љубител на кафе, веројатно мислите дека никогаш не е лошо време да испиете една шолја. Меѓутоа, при напорни распореди, американските војници креирале алгоритам со чија помош можете да пресметате кога е вистинското време за пиење кафе.

Имено, истражувачите од Вооружените сили на САД развиле алгоритам кој дава лични препораки за одредување време за косумирање на кофеионот. Така можете да пиете најмалку кофеин за да постигнете максимално будење во одреднеи моменти. Американските истражувачи својата студија ја објавиле во списанието „Sleep Research“.

Дали кафето навистина протерува?

Loading...

Истражувањето наводно помогнало на многу луѓе да го унапредат чувството на будност за повеќе од 64 отсто и тоа без претерано консумирање кофеин. Во суштина, истражувањето потврдило дека со правилно дозирање и консумирање кафе луѓето можат да го намалат дневното внесување на кофеинот за повеќе од 64 отсто и притоа да имаат чувство на будност.

– Алгоритамот функционира на прецизно предвидување како лицата реагираат на депривација на сонот и како нивниот организам реагира на кофеинот, појаснува Жак Реифман, еден од истражувачите на Војската на САД.

Реифман додава дека алгоритмот е од голема помош на луѓето кои се подготвуваат за голем испит, состанок, презентација и слично.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

Алгоритмот првобитно е развиен за војниците, а потоа е пониден и на другите за користење.  Меѓутоа, тој дури за неколку дена би требало да биде достапен на страницата 2B-Alert.

Истражувачите развиваат и мобилна апликација така што користењето на алгоритмот би било многу полесно. Апликацијата покрај дозирањето на кофеинотќе им помогне на луѓето и да проверат колку се во депривација на сонот.

Додека алгоритмот не биде достапен, постојат и други начини како да се разбудите без консумирање на кофеин и тоа со вежбање или земање намирници кои ја зголемуваат енергијата како бадеми, спанаќ, јајца, пилешко, говедско, школки и житарици.

СРУШЕН УШТЕ ЕДЕН МИТ: Шолјата кафе лекува мамурлак

Leave a Reply