Американски конгресмени се залагаат дел од територијата на Украина да се предаде на Русија

Сподели со своите пријатели

Бројни претставници на Републиканската партија во американскиот Конгрес се залагаат Украина да отстапи дел од својата територија во корист на Русија.

Loading...

„Најимпресивната работа е подготвеноста на републиканците да отстапат дел од Украина: 41 отсто од нив се согласија со фактот дека Русија треба да добие дел од украинската територија во корист на прекин на конфликтот“, се вели во новото истражување на јавноста од организација за истражување на мислење „Галуп“ на која се повикува весникот„Вашингтон пост“.

Според авторот на написот, половина од претставниците на Републиканската партија, односно 18 отсто повеќе отколку во април 2022 година, сметаат дека Вашингтон прави „премногу“ за Киев.

Исто така, мнозинството републиканци сметаат дека Америка „треба да престане да ја финансира украинската армија, точка“.

Имено, истражувањето на телевизијата „Фокс њуз“ покажа дека мнозинството приврзаници на Републиканската партија не ја сметаат за можна воена победа на Украина во конфликтот против Русија, а исто така сметаат дека конфликтот во самата Украина и акциите на Русија прават не претставуваат директна закана за безбедноста на САД.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.