Американски извори инсистираат дека кинескиот балон бил воен

Сподели со своите пријатели

Американските разузнавачки извори инсистираат дека балонот соборен во саботата го користела кинеската војска за шпионирање, пишува во средата Би-Би-Си, пренесува Хина.

Loading...

Неименуваните официјални лица изјавија за Вашингтон пост дека веруваат дека таквите балони се користат за собирање разузнавачки информации на стратешки важни територии, вклучувајќи ги Јапонија, Индија, Тајван и Филипините.

Кинеските власти негираат дека користеле вакви балони за надзор.

Официјалниот претставник изјави за Вашингтон пост дека американската разузнавачка заедница верува дека некои од балоните полетале од Хаинан, остров во јужна Кина, кој исто така е дом на поморска база.

Цитирајќи неименуван висок функционер од администрацијата на Бајден, Си-Би-Ес потврди дека американската разузнавачка заедница верувала дека балонот бил дел од „програмата за воздушно набљудување што ја води Народната ослободителна армија Хаинан“.

Втор балон забележан над Јужна Америка

САД во понеделникот информираа 40 сојузнички земји за наводната шпионажа, потврди висок претставник на администрацијата на Бајден за Си-Би-Ес.

На тој брифинг, заменик-државниот секретар Венди Шерман, исто така, откри дека балон патувал низ целата планета во 2019 година, вклучително и над Хаваи и Флорида.

Минатата недела Пентагон објави дека втор кинески шпионски балон бил забележан над Костарика и Венецуела.

Loading...

Откривањето на наводниот шпионски балон предизвика дипломатски тензии меѓу САД и Кина.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го откажа своето патување во Пекинг. Тој требаше да се сретне со својот кинески колега само неколку дена откако беше забележан балонот.

Бил висок 60 метри

„Ова е неприфатлива и неодговорна акција“, рече тој.

Американските одбранбени претставници претходно изјавија дека три наводни кинески шпионски балони летале над земјата за време на мандатот на Трамп.

Балонот поминал низ Алјаска и Канада пред да се појави во американската сојузна држава Монтана, каде се наоѓа дел од американскиот нуклеарен арсенал.

Американската морнарица во понеделникот објави фотографии од остатоците од урнатиот балон.

Се верува дека бил висок 60 метри.