Американска анализа: Која би била последицата од нуклерна војна меѓу САД и Русија?

Сподели со своите пријатели

Кога САД и Русија би влегле во целосна нуклеарна војна, планетата би се соочила со катастрофални последици, а пред се со десетгодишна нуклеарна зима, пишува „Дејли мејл“, пренесувајќи заклучок кој го изнеле експерти од Универзитетот Рагерс во Њу Џерси.

Loading...

При нуклеарните експлозии, тврдат авторите, во атмосферата би биле исфрлени околу 147 милиони тони чаѓи. Потоа во неколку следни седмици облакот би бил носен со ветровите во стратосферата и би ја опружил целата Земја, поради што на планетата би започнала долготрајна нуклеарна зима.

СВЕТОТ НА РАБОТ ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Вака би изгледал конфлоктот помеѓу САД и Кореја (видео)

Просечната температура на површината на планетата би паднала до девет степени, бидејќи облаците чаѓи буквалн би ја поклопиле Земјата од сончевата светлина, објаснуваат експертите.

Според оценките на научниците од Универзитетот во Њу Џерси, седум години би биле потребни облаците да се расчистат, а уште три показателите на сончева светлина да се вратат во нормала.

Ако дојде до нуклеарна војна Трамп влегува во овој авион и од тука издава наредби (видео)

Авторите на истражувањето заклучиле дека „нуклеарниот напад од големи размери би бил самоубиство на земјата која го започнала“, како и дека ќе има катастрофални последици врз целиот свет.

Leave a Reply