Американците развија технологија која лекува за секунда (видео)

Сподели со своите пријатели

Новиот изум кој го развиле научниците од Универзитетот Охајо може да лекува органи во секунда, пишува „USA Today“.

Технологијата, позната како нанотрансфекција на ткивото (ТНТ), развивана е четири години и има потенцијал да спаси животи на жртви во сообраќајни несреќи и војници на фронтот.

Тоа е силициумски чип со големина на монета во кој се впушува генетски код во клетките на кожата, претворајќи ги во други видови ќлетки потреби за третирање на болната состојба, навеле научниците во соопштението.

За време на лабораторискиот тест, еден допир со ТНТ во целост ја излекувал повредената нога на глувче за време од три недели, претворајќи ги клетките кожа во васкуларни клетки.

ТНТ не работи само на клетките на кожа, може да поправи било каков вид на ткиво – вели директорот на Центарот за регенеративна медицина и терапии на клетки.

За пример, оваа технологија со одгледување на клетки од мозок на кожата на глувчето ја повратила функцијата на неговиот мозок откако претрпел мозочен удар.

Јасно е дека ова е револуционерна техника по прв пат клетките се репрограмирани во живо тело.

Моментаните терапии на клетки се многу ризични.

На ТНТ третпаните не постојат познати споредни ефекти и лекувањето трае помалку од секунда. Оваа технологија нема потреба од лаборатории ниту болници, може да се примени и во поле. Направата е полесна од 100 грама и ќе има долг рок на траење – вели Сен.

https://www.youtube.com/watch?v=HLcjYL4hKEU

Loading...