Американците не го сакаат Харадинај на нивна територија

Сподели со своите пријатели

Политичкиот аналитичар Азем Власи вели дека неиздавањето виза на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај е јасна порака дека САД не го сакаат на својата територија.

Власи за порталот gazetaexpress.com вели дека повод за тоа се ставовите на Харадинај за Специјалниот суд и демаркацијата на граничната линија со Црна Гора.

– Тоа е одраз на ставот на САД во врска со две главни прашања. Првин, игра околу укинувањето на Специјалниот суд во кој како се гледа премиерот е инволвиран и прашањето за демаркација со Црна Гора кое не се помера од место, рекол Власи.

Тој оценува дека во двата случаи САД немале за цел да наштетат на Косово.

– Кога некој излегува против САД, најмалку што САД симболично става до знаење е дека не ти даваат виза и ти ставаат до знаење дека не сакаат да те видат во Америка, вели Власи.

Тој истакнува дека со сојузниците и пријателите не може да се игра, да се прифати, па одбие што е, како што наведува, бил случајот со обидот за укинување на Специјалниот суд.

– Ако се спротивставиш на САД таму каде тие се ангажираат, не можеп денес да ги лутич и утре да ги милуваш, рекол Власи.

Постета на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај на Соединетите Американски Држави е откажана затоа што не му е издадена виза, изјавил претходно портпаролот на Гардата, Ајова Грег Хепгуд за Радио Слобода Европа.

– Премиерот Харадинај е повикан од страна на генералот Ора на овој настан, но ние жалиме што не може да добие виза и биде со нас, рекол Хепгуд и додава дека наместо Харадинај на настанот ќе присуствува заменик премиерот на Косово, Беџет Пацоли.

Харадинај на 11 јануари требаше да присуствува на настан во организација на командантот на националната гарда во Ајова, Тимоти Ора, пренесува РСЕ.