Америка парично ги казнува Обединетите нации

Сподели со своите пријатели

Индивидуалните уплати на Вашингтон во буџетот на светската организација за 2018-2019 година се намалени за 285 милиони долари. На овој начин САД сакаат да ја зајакнат дисциплината и одговорноста.

Постојаната претставничка на САД при ОН, Ники Хејли соопшти дека Вашингтон ќе ги намали своите уплати во двегодишниот буџет на светската организација за 285 милиони долари.

Како наведува, овој чекор ќе биде корисен и за Вашингтон и за ОН.

– Како додаток на така значително намалување на трошоците и намалување на прекумерната функција на ОН за управување и поддршка, зголемување на поддршката на клучните приоеритети на САД во светот и јакнење на дисциплината и одговорноста во системот на ОН, наведува Хејли.