Америка испраќа нови ракети на Украинците, ќе им го удвојат дострелот на артилерија

Сподели со своите пријатели

Се очекува дека САД ќе вклучат ракети со многу поголем дострел од претходно во новиот пакет воена помош за Украина, потврдија неколку американски претставници за Си-Ен-Ен.

Loading...

Пакетот воена помош треба да вклучува и наведувана ракета од типот GSDB (Ground-launched Small Diameter Bomb), која има дострел од околу 145 километри.

Тој тип на проектил, кој може да биде истрелан од повеќецевни ракетен фрлач од типот HIMARS што Украина го доби од Запад претходно, практично би го удвоил дострелот на украинската артилерија.

Сепак, во пакетот нема да бидат вклучени ракетите ATACMS кои имаат дострел поголем од 320 километри, а кои Украина ги бара веќе подолго време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Америка, да потсетиме, постојано ги отфрла барањата на Украина за оружје со долг дострел во страв дека тоа би можело да биде искористено за гаѓање цели длабоко на руска територија.

Тоа е првиот пакет воена помош откако американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец потврди дека ќе испрати 31 напреден американски тенк од типот Абрамс во Украина.

Таа одлука е донесена во координација со европските земји, кои пак ќе ја снабдуваат Украина со тенкови Леопард 2.

Во текот на денешниот ден се очекува да биде објавен нов пакет за воена помош од САД. Оружје и опрема во вредност од 500 милиони долари ќе бидат испратени директно од американските залихи, а дел од пакетот вреден 1,7 милијарди долари ќе биде купен од добавувачи на воена опрема.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Украина во моментов истрелува ракети GMLRS од повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS. Новите ракети ГСДБ имаат значително поголем дострел бидејќи по истрелувањето користат крила и летаат кон целта со помош на ракетен мотор.

Но, новиот тип на ракети нема веднаш да пристигнат во Украина, бидејќи не доаѓаат директно од инвентарот на американската војска, туку Вашингтон ќе ги нарача од производителот на оружје. Процесот може да трае неколку недели или месеци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.