Америка го вооружува и Тајван

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на опрема, обука и други предмети поврзани со поддршката на системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Тајван.

Loading...

Набавката е вредна околу 95 милиони долари, соопшти Пентагон.

 

Првиот човек на американската армија: Расте можноста за значаен меѓународен конфликт

 

Пакетот ќе вклучува обука, планирање, распоредување, операција и одржување на системот за противвоздушна одбрана Патриот и поврзаната опрема, објави американското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон денеска го информирала Конгресот за можната продажба, а и покрај одобрението од Стејт департментот, известувањето не укажува дека договорот е веќе потпишан или дека преговорите се завршени, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?