Америка е подготвена за дијалог со Русија за контрола на оружјето

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави би сакале да се вратат на дискусиите и преговорите со Русија за контрола на вооружувањето, најави шефицата на Националната управа за нуклеарна безбедност на Министерството за енергетика на САД, Џил Хруби.

Loading...

„Знаеме дека режимот за контрола на оружјето не е во најдобра форма. Знаеме дека стратешката стабилност не е онаму каде што би сакале да биде. Би сакале да се вратиме на дискусијата за контрола на вооружувањето. Би сакале да се вратиме на дијалогот за стратешки безбедносни прашања“, изјави Хруби во интервју за Здружението за контрола на оружјето, пренесува Спутник.

Во исто време, американскиот функционер го привлече вниманието на фактот дека во моментов „недостига позитивна атмосфера за вистински дијалог со Москва на овие теми“.

Американските власти неодамна ѝ дадоа низа предлози на Русија за интеракција и дијалог во областа на намалување на нуклеарниот ризик и контрола на вооружувањето.

Меѓу другото, тие изразија подготвеност да поканат руски набљудувачи на некои тестови во нивните нуклеарни постројки, како и да разговараат за рамката на договорот за периодот по 2026 година, кога истекува билатералниот Договор за стратешко офанзивно оружје.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека актуелната ситуација во билатералните односи меѓу Русија и САД „не фаворизира дијалог за такви чувствителни прашања“.