Амел Ќуриќ ја однесе победата на Икс – Фактор Адриа (видео)

Сподели со своите пријатели

Амел Чуриќ, натпреварувачот од БиХ е победник на втората сезона на Х-Фактор Адрија, со чек од 20 000 евра за освоената победа. Македонскиот учесник и финалист Боби Мојсоски, иако беше на чекор до победа сепак не успеа да стане вториот Македонец кој успеал да победи на ова музичко шоу натпреварување.

Loading...

Ментор на Чуриќ во музичкото шоу беше хрватскиот пејач Масимо Савиќ.

Боби во текот на целото натпреварување важеше за еден од фаворитите, што се докажа и до самиот крај. Иако во финалето останаа само нашиот Боби Мојсовски и Амел Чуриќ, сепак гласовите на публиката одлучија победата да ја однесе токму тој.

Во текот на натпреварувањето Боби се покажа како одличен пејач и вистински талент. Неговите настапи секогаш беаше поздравувани како од страна на жири-комисијата така и од публиката која го донесе до самиот финиш во ова големо регионално натпреварување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.