Амбасадорката на Австрија во посета на Општина Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во протоколарна посета на Општина Куманово денеска беше амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер која оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата, како што брифираше Димитриевски се разговарало за можнат аидна економска, но и културна соработка на општината и амбасадата.

– Разговаравме на повеќе теми, а ја отворивме и темата за идни можни соработки со амбасадата во делот на културна соработка, а исто така отворивме и теми во делот на можна економска соработка на одредени правни субјекти во нашата општина. Исто така беа отворени и теми во делот на претседателството со Европската унија на Австрија и најавена е поддршката од нивна страна за Република Македонија, а и за нашата општина конкретно и поразговаравме во делот на тоа што Куманово значи во Република Македонија од аспект на мултуетнички план, како се развива, шири, какви се плановите за градот и имплементација на идните проекти, заштита на животната средина и сето она што значи едно модерно и урбано живеење во нашиот град, изјави Димитриевски.

Loading...

Амбасадорката Коблер истакна дека Македонија никогаш не била поблиску до Европската унија, а нејзината земја како претседавач ќе ја поддрши на секој можен начин.

– Многу сум среќна што сум денеска гостин во општина Куманово ова е прва посета откако Австрија стана претседавач со Европската унија. Добив шанса да разговарамсо градоначалникот на теми од доменот на мултиетничноста и од економскиот аспект, можам да ве уверам дека овие предизвици со кои се соочува Општина Куманово ги дели со остатокот од Европа и Австрија и сакам да порачам дека Македонија никогаш не била поблиску до Европската унија како сега и дека Австрија ја има ставено на врвот на својата приоритетна листа, изјави Коблер.

Инаку претседателството на Австрија со Европската унија започна на 1 јули и ќе трае до крајот на годината.

Leave a Reply