Амбасада на Република Словенија со донација во Дневен центар за лица под 18 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Република Словенија денес во Дневниот центар за лица со посебни потребни под 18 години, донираше пет компјутери, што за центарот претставува голема помош, истакна денес надлежниот психолог Ивица Благојевиќ.

Loading...

[huge_it_gallery id=”97″]

 

Донацијата беше предадена од Амбасадорот Бранко Раковец, а благодарност беше упатена од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

– Донацијата доаѓа преку проект на Секторот за евроинтеграција и меѓународна соработка при Општина Куманово, при што Дневниот центар доби пет компјутери со фул опрема, и децата кои што претстојуваат овде ќе имаат прилика за пренесување на знаења за компјутерски вештини. Голема благодарност за тоа што Амбасадата Словенија го прави нашиот град, истакна Дамјановски.

Се надевам дека денешната донација ќе го подобри развојот на децата со посебни потреби, истакна Амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец.

Дневниот центар за лица со посебни потреби под 18 години се наоѓа веднаш до градинката ”Бубамара” спорти поранешната фабрика ЧИК.

Loading...