Алфи Би Компани со донација на маски, перници и јоргани

Сподели со своите пријатели

Локалниот економски социјален совет -ЛЕС Куманово кој функционира при Општина Куманово во изминатиов период активно работеше со правните субјекти на територија на Општина Куманово и обезбеди помош која ќе биде донирана на Општа Болница Куманово.

Loading...

Помошта е обезбедена преку иницијатива на ЛЕС заедно со општествено одговорната компанија АЛФИ БИ Компани/ Алфи Техноцентар Куманово.

Помошта се состои од 2500 заштитни маски, 100 перници  и 100 јоргани.

ЛЕС ги повикува и апелира и до останатите компании во град Куманово да покажат општествена одговорност во следниот период, да донираат и да покажеме дека само сите заедно можеме да излеземе како победници во оваа борба, изјави Ненад Стојановски- секретар на ЛЕСС Куманово.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply