09.08.2018 13:37

Александар Јовановиќ нов директор на ООУ „Крсте Мисирков“


За нов директор на ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово е именуван Александар Јовановиќ, професор по спорт и спортски активности во Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.

Роден во Куманово. Дипломиран на Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје, на Факултет за Физичка кулутра, насока професор по физичко и здравстевно образование.

Прво работно искуство во ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, како професор по физичко и здравствено образование за деца од предучилишна возраст. Потоа матично училиште СОУ  Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово, а има и работено во ССОУ „Киро Бурназ“ – Куманово и ООУ “Браќа Миладиновци“ – Куманово, како професор по физичко и здравствено образование за деца со посебни потреби.

Инаку, Јовановиќ е десетгодишен ракометен тренер во сениорскиот тим и младинските категории при ЖРК Куманово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments