Александар Липатов (39) ги фрлил сопругата Милена (36) и едногодишното бебе од прозорец на стан на 16 кат од луксузен станбен комплекс во Москва.
И мајката и детето починале на лице место, брзата помош брзо пристигнала на местото на несреќата, но можеле само да констатираат смрт.
На местото на настанот пристигнала и полицијата, а службите долго време се мачеле да влезат во станот, а како што се наведува, се претпоставува дека мажот бил непресметлив.
Московјанецот кој ги фрлил сопругата и бебето од прозорец, пред тоа се заклучил во станот и не пуштил никого да влезе.
Стоел гол на прозорецот и фрлал работи.
На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки на кои се гледаат фрлени тела и целосно затрупан стан.
Главниот истражен оддел на Истражниот комитет во Москва отвори кривично дело, пренесува Блиц.
— Pluton (@Pluton45873221) August 25, 2024