Албанското малцинство прославува 107 години од унифицирање на албанската азбука

Сподели со своите пријатели

Албанското малцинство во Македонија денес одбележува 107 години од одржување на Конгресот во Битола, кога група албански интелектуалци донеле одлука за унифицирање на албанската азбука.

Loading...

Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908. година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.

Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место. За претседател на Конгресот бил избран Мидхад Фрашери, а потпреседатели биле Лиуѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Киријази, чија сестра, Парашќеви Киријази, била единствената жена на конгресот.

Киријази го објавиле и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Азбуката прифатена на Битолскиот конгрес денеска се користи секаде каде што живее албанско население.

Според бројот и важноста на учесниците, Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20. век,