Албанските јавни обвинители реагираат за преквалификација на делото во случајот „Алмир“

Сподели со своите пријатели

Во врска со настанот познат во јавноста како „Случај на малиот Алмир“ ние јавните обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија сакаме да ја информираме пошироката јавност дека со преквалификација на кривичното дело Убиство предвидено во член 123 ст. 2 т.3 од Казнениот законик на Република Македонија во кривичното дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во врска со член 297 ст.1 од Казнениот законик како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторено повреда на освните начела на Законот за јавно обвинителство како што се начело на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои воедно се и основни и темелни вредности на Уставот на РМ, пишуваат четворица јавни обвинители од албанска националност во соопштение кое го испратија до медиумите.

– Ние јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија уште од почетокот при реферирањеото по овој случај во ЈОРМ сме имале став и се уште остануваме на тој став дека обвинителниот акт од 19.12.2016 година на ОЈО Куманово кореспондира во целост со дејствијата на обвинетиот како што и бил првично обвинет за кривичното дело убиство во член 123 ст. 2 т.3 од Казнениот законик на Република Македонија. Ваквиот наш стручен став е образложен и на одржаните колегиуми во ЈОРМ во врска со овој настан, стои во соопштението потпишано од четворица јавни обвинители сите Албанци.

 

Loading...

Leave a Reply