Албанец со туѓа исправа приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин „Табановце“, вчеравечер околу 21:19 часот при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на Л.К.(21) од Република Албанија не била негова, туку на друго лице – Х.К.(25) од Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– По консултација со судија при Основен суд Куманово, Л.К. ќе биде привремено сместен во Прифатниот центар за странци во Скопје до утврдување на неговиот идентитет, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Leave a Reply