Албанец со фалсификувани исправи приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 02.15 часот на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, поради сомение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, бил приведен А.Х.(24) од Република Албанија.

Тој на увид приложил патна исправа на име К.А.(20) од Република Албанија. Во 03.45 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply