Албанец со фалсификувани исправи приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 16.15 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека патната исправа на Б.К. (22) од Република Албанија била фалсификувана, односно преправан бил штембил под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на Европската Унија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 17.15 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и патната исправа биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply