Албанец со фалсификувани документи приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шест годишен државјанин на Република Албанија со иницијали М.А. е приведен од граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден поради фалсификувани патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето се пријавило за излез од Република Македонија, и при извршена пасошка контрола од страна на службениците било утврдено дека на патната исправа на М.А. било извршено механичко бришење на информација (штембил за одбиен влез во Македонија), а потоа со употреба на хемиско средство извршено било преправање на истиот штембил на местата каде бил оштетен при бришењето.

Лицето било приведено и предадено на УПС од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.