Алаѓозовски: Со било која гарнитура во минисрството реформските процеси ќе продолжат

Сподели со своите пријатели

Без разлика кој и да биде следниот министер за култура, ќе продолжат политиките согласно реформската агенда на Владата, рече денеска од Куманово актуелниот министер Роберт Алаѓозовски, одговарајќи на новинарско прашање по најавите за негова смена.

Тој истакна дека се уште е на министерската функција и ќе ја продолжи агендата на Мнистерството за култура се додека Собранието не изгласа негова смена.

Утринава дел од порталите јавија дека БЕСА ќе го добие неговото министерско столче, но тој избегна да ја потврди оваа информација. Воедно избедна да даде одговор дали ќе остане во ресорот култура.

– Ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи отстапување од реформите, овие наредени неколку месеци се многу важни за Министерството за култура и за сите процеси кои што се таму и ние веруваме дека со било која гарнитура во минисрството тие процеси ќе продолжат, рече Алаѓозовски.

Алаѓозовски е првата жртва на реофмите во Владата на Зоран Заев, кој ја најави пред неколку месеци, изразувајќи незадоволство на дел од кадарот кој првично бил поставен.

Во однос на коментарите од кумановските актери дека добиле малку пари од Министерството за култура за своите претстави, се уште актуелниот министер вели дека не се сложува со таквите констатации. Повеќе пари сепак најави за следната година, кога ќе се реконструира Спомен Костурница, а градот ќе прослави 500-годишен јубилеј.

Leave a Reply