Акумулациите Глажња и Липково полни, Куманово нема да има проблем со водоснабдување

Сподели со своите пријатели

Куманово, ќе нема проблеми со водоснабдување, бидејќи капацитетот на браните Липково и Глажња се целосно исполнети,  информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Оттаму соопштуваат дека во акумулациите Глажња и Липково има приближно 20 милиони  метри  кубни вода кои се доволни за водоснабдување и наводнување на целиот систем.

Loading...

-Ги известуваме водокорисниците на системот за водоснабдување дека се преземени сите активности за подготовка на успешен старт на сезоната за наводнување, санирани и променети се дел од шахтите, дел од цевководот, шиберот и други делови и елементи потребни за непречена испорака на вода-изјави, директорот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.

Акумулациите редовно се контролираат и состојбата е стабилна, потенцираат надлежните. Од ова претпријатие ги повикаа водокорисниците кои се уште немаат склучен договор за наводнување да се јават во наредниот период во подрачната единица и да склучат нови догооври.

Leave a Reply