Активно се работи на реконструкција на мостот во населба Карпош (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Активно се работи на реконструкцијата на мостот во населбата Карпош кој започна пред неколку месеци, но поради изборниот процес и ниските зимски температури беше во прекин.

 

Loading...

 

Денеска увид на работите изврши и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека после долго барање на месното население и ООУ „Магдалена Антова“ и опасноста за дечињата овој мост конечно е ставен во програмата и наскоро се очекува да биде завршен.

Тендерската постапка е завршена на почетокот на годината ставена е во буџетска програма, развојна  програма и буџетска поддршка и отпочнување со работа еве пред наколку дена се вршеа подготвителни работи сега се отпочнува со бетонирање и поставување на темели за проширување на мостот , нова конструкција на мостот, проширување на тротоарите и изградба на патна инфраструктура во должина од 250 метри асфалт, значи ќе имаме проширување на пат, тротоари, нови темели и поставување на мост, нова конструкција така што проширување и земјени работи во однос на проширување на коритото на оваа сува долина за да се заштити од поплави , исто така ќе иамме и атмосферски решетки за конекција и собирање на вода од улицата 100, проектот е 8 милиони и 100 илјади деанри без ддв, околу девет ипол милиони ќе биде вкупно со ддв, се надеваме дека ќе биде завршен во наредните два до два ипол месеца , со новата учебна година мислам дека ќе иамме обезбедени сигурносни сообраќајни пропусти за најмалите за учениците, значи тротоарите бидејќи тоа беше најчестото баарање од родителите, од населњението, од училиштето, заради безбедност бидејќи тука е тесно грло за поминување на учниците кон училиштето и со тоа ќе го затвориме овој проблем кој е еден од главните проблеми на населението од населбата Карпош – изјави градоначалникот Дамјановски.

 

Дамјановски изрази надеж дека во јуни или јули ќе започне и реконструкција на главата улица „100“ во населбата Карпош.

 

Loading...