Активисти го обвинуваат бразислкиот претседател за општ напад врз Амазон

Сподели со своите пријатели

Група климатски активисти денеска го повикаа Меѓународниот кривичен суд да започне истрага против претседателот на Бразил, Жаир Болсонар, за можни злосторства против човештвото поради политиката на неговата администрација кон Амазон.

Loading...

Движењето „AllRise“ испрати повик до глобалниот суд во кој се наведува дека администрацијата на Болсонаро е одговорна за „општиот напад врз Амазон, неговото население и неговите бранители“, што влијае на глобалното население.

Поканата е испратена на помалку од три недели пред почетокот на 26. Конференција на Обединетите нации за климатски промени „KOP26“ во Глазгов на 31 октомври, пренесува агенцијата АП.

Самитот за климата, кој ќе трае 12 дена, има за цел да обезбеди поамбициозни обврски, како дел од напорите за ограничување на глобалното затоплување на многу под 2 Целзиусови степени.

Настанот, исто така, се фокусира на мобилизирање средства за финансирање на борбата против климатските промени и заштита на загрозените заедници и природни живеалишта.

Откако ја презеде функцијата, Болсонаро го поттикна развојот во Амазон и постојано ги отфрла глобалните поплаки за негово уништување.

Неговата администрација, исто така, ги поддржа законските мерки за олабавување на прописите за заштита на земјиштето.

„Злосторствата против природата се злосторства против човештвото. Жаир Болсонаро охрабрува масовно уништување на Амазон со отворени очи и е целосно свесен за последиците“, рече основачот на AllRise, Јоханес Весеман.

Loading...