Ако сакате работа во „Apple“, мора да знаете одговор на овие прашања

Сподели со своите пријатели

Да се работи во компанијата „ Apple “ е исполнување на соништата, а воедно се смета за едно од најпрестижните работни места во светото. Сепак, со голема моќ доаѓа и голема одговорност, бидејќи во „ Apple“ едно нешто е сигурно, а тоа е дека не вработуваат било кого.

Loading...

Големите ИТ компании, како Google, Apple ili Microsoft, во текот на годините креирале низа сериозни тестови и прашања за да се уверат дека личноста која ќе почне да работи за нив ќе бидат најдобрите на пазарот на трудот во тој момент.

„ Apple“ точко знае кој профил на луѓе сака да го вработи, а ова се 15те прашања кои сигурно ќе ги добиете доколку ве повикаат на разговор за работа.

  1. Едно нешто со што посебно се гордеете?
  2. Кои се вашите најголеми неуспеси и што сте научиле од нив?
  3. Опишете еден проблем од претходната работа и кажете ни како го решивте?
  4. Како на осумгодишник ќе му објасните што е рутер и како функционира?
  5. Зошто се пријавивте на позоција во Apple?
  6. Дали некогаш сте се разминале во мислењето со надредениот и како пристапивте кон тој проблем? Наведете конкретен пример и конечен исход.
  7. Како ќе тестирате дали тостерот е исправен?
  8. Дали сте креативни? Опишете нешто што сметате дека е креативно.
  9. Имате две јајца и сакате да дознаете која е најголемата височина од кога може да се фрли јајце, а притоа да не се скрши. Како ќе го направите тоа?
  10. Зошто баш вас треба да ве вработиме?
  11. Што е поважно: поправање на проблеми на корисниците или да им креирате нови добри искуства?
  12. Изгледате како позитивна личност. Што може ад ве онерасположи?
  13. Демонстрирајте ни како на купувач ќе му поажете дека му стоите на располагање, притоа да се служите само со својот глас.
  14. Опишете ни еден најдобар и најлош ден кој сте го доживеале во последните четири години.
  15. Колку деца во светото се раѓаат секој ден?

Кое е вашето мислење? Имате ли одговори на вакви прашања? Дали би го поминале тестот на „Apple“?


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.