Ако сакате да потрошите 26 калории за една минута- бакнувајте се

Сподели со своите пријатели

Бакнежот е мистерија на која ѝ е потребна интерпретација. Кога сакате да покажете поголема страст  применувајте го “сочниот” француски бакнеж. Истиот практикувајте го и ако сакате да стопите некоја калорија.

Имено, според едни медицински истражувања, со бакнувањето се трошат околу 26 калории во една минута. Затворањето на очите има многу силен ефект кога се бакнувате. Имено, 37 отсто од мажите очите ги држат отворени додека се бакнуваат, а дури 97 отсто од жените се бакнуваат со затворени очи.

Иако сите не се согласуваат со овој факт, некои истражувања покажаа дека резултатот од бакнувањето добива на страст доколку бакнете некое лице со иста боја на коса како и вашата. Во нашиот мозок се наоѓа посебен вид нервни станици кои ни помагаат да пронајдеме и да ги лоцираме другиот пар усни во мракот.

Луѓето дека се бакнуваат од многу одамна ни докажуват и старите Египќани. Тие се бакнувале со носот, а усните воопшто не ги користиле за таа намена.

Loading...