Ако оставите смет во овој национален парк, ќе ви го испратат дома

Сподели со своите пријатели

Посетителите на националните паркови во Тајланд, кои оставаат ѓубре зад себе, наскоро може да го најдат тоа ѓубре на нивните адреси.

Loading...

Ова е токму планот за управување со популарниот национален парк Као Јаи во близина на Банкок, кој сака да ги научи посетителите дека мораат да бидат одговорни за животната средина во која живеат, објави тајландскиот министер за заштита на животната средина.

Посетителите на паркот мора да се пријават и да ги остават своите адреси по пристигнувањето во паркот, што во голема мера ја олеснува ситуацијата за чуварите да ги пронајдат доколку не расчистат сами по себе.

„Ова е вашето ѓубре што ќе ви го вратиме назад“, напиша министерот покрај објавената фотографија од ѓубре спакувано во картонска кутија што е подготвена да му се испрати на сопственикот.

Прекршителите ќе бидат пријавени и во полиција. Администрацијата и министерот ги предупредија луѓето дека оставањето смет во националниот парк е кривично дело што може да резултира со затвор до пет години и големи казни.

 

https://www.facebook.com/TOPVarawut/posts/1059473324503939

Leave a Reply