Ако немате пари за такси во оваа држава можете да платите со пеење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На фестивалот „Ruisrock“ кој се одржувал во Финска од 6. до 8. јули, претставен е „Fortnum Singalong Shuttle“ такси, кој како начин на плаќање прифаќа само пеење.

Звучи неверојатно, но и тоа е можно. Целосно електричен автомобил кој не емитува штетни гасови, добил само најпозитивни коментари, а за тоа секако допринел единствениот начин на плаќање.

Една од задоволните кориснички е и Алма, меѓународна поп ѕвезда, која на својот концерт дошла со еколошки прифатливо такси и вели дека е многу задоволна.

– Беше прекрасно да се патува до настапот со посетителите на фестивалот и да се ужива во музиката заедно. Плаќањето со пеење е сосема во ред, ако јас се прашувам, рекла таа.

Дубаи го тестираше првото такси без возач

Loading...

Компанијата која го произвела еколошкото такси возило, нуди широк спектар на чисти енергетски решенија и ги охрабрува своите купувачи да живеат одржлив секојдневен живот.

– Сакаме да им покажеме на луѓето дека возењето електричена втомобил истовремено е интересно и удобно, а исто така е и одличен избор кога станува збор за заштита на животната средина, наведува менаџерот на компанијата Фортум,  Јуси Малки.

Leave a Reply