Ако имате стан во овој град можете да заработувате 100 евра дневно, а да не го издавате никому

Сподели со своите пријатели

Оние кои пред десет години купуиле стан во Стокхолм, заработуваат секој ден по 1.000 шведски круни односно околу 100 евра, само што ќе живеат во него.

Од 2006 година трпшоците за живот во шведската престолнина се дуплирале и денес просечната цена за квадратен метар во централниот дел на градот изнесува околу 11.000 евра, така надминувајќи ја цената во европските мега градови, како што е Париз.

Она што е поинаку во случајот со Стокхолм е тоа што цените на недвижностите не паднаа по кризата. Постоеше само привремен застој, пред трендот повторно да продолжи – изјавил Пер Арне Сандегрен, главен аналитичар на компанијата „Свенск Макларстатистик“, компанија која собира податоци за шведскиот пазар на станови.

Во Берлин, уште еден град со бурни цени на недвижнините, просечната цена е скоро на половина од Стокхолм и изнесува 45.000 круни, колку била во Стокхолм пред десет години. Со пари за еден стан во Стокхолм, во главниот град на Данска, Копенхаген можете да купите два стана.

Значи, ако сте имале среќа да купите стан во Стокхолм во 2006 година, би заработувале околу 1.200 круни дневно или околу илјада долари месечно.

O