19.02.2019 10:34

Ако имате болки во грбот витаминот Б6 е неизбежен


Дали сте знаеле дека болките во грбот по кашлица се најчестото заболување кое човекот го има денес? Додека некогаш за тоа главна причина била тешката физичка работа, денеска е седечкиот начин на живот и отсуство од физичка активност.

Симптомите на лумбаго се добро познати: како со нож да ве прободуваат во грбот, не можете да станете или да се свртите.

loading...

Добро позната е стандардната физикална терапија, која меѓу другото подразбира и употреба на диклофенак, витамин Б12 и миореласанси, но помалку познато е дека модерниот пристап во лекување на лумбаго, за кое научно мислење дал и Генералниот директорат за заштита на здравјето на потрошувачите при Европската комисија, вклучува витамин Б6, кој служи за да витаминот Б12 на најдобар начин се искористи, па оваа комбинација доведува до побрзо оздравување.

– Витаминот Б6 е еден од Б витамините неопходен за правилно функционирање на метаболизмот со аминокиселини, шеќери и масти, како и создавање крвни клетки. Б витамините се неопходни за здрава кожа, коса, очи, црн дроб, нервниот систем, срце, мускули, имунолошки систем, со еден збор за целиот организам, објаснува Срѓан Анѓелков, физиотерапевт специјалист.

Витаминот Б6 овозможува и создавање неколку невротрансмитери, пренесувачи на пораки во нервниот систем. Неопходен е за нормален развој и функционирање на мозокот, за создавање хормони кои го регулираат расположението и био-ритамот.

– Во случај на лумбаго витаминот Б6 во доза од 50мг дневно значително ја намалува болката во долниот дел од грбот и ја подобрува функционалноста, но докажано е дека дневната доза поголема од ова може да доведе до невропатски болки, вели Анѓелков.

loading...

Затоа, како што додава тој, во терапијата на лумбаго најдобро е по препорака на лекар да се зема овој витамин во пакувањеод 20мг два пати дневно, затоа што така има призитивни ефекти, а токму тоа е суштината на успешна терапија за болки во коските и во што пократок период без негативни ефекти да се овозможи адекватна мобилност на пациентот, која е многу ограничена во моментот кога тој поради лумаблна болка бара лекарска помош.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments