Акцијата на Тајланд продолжува денеска: Спасувањето би можело да трае четири дена

Сподели со своите пријатели

Тајландските власти соопштија дека за спасување на преостанатите осум момчиња и нивниот фудбалски тренед од пештерата на северот на Тајланд ќе бидат потребни и до четири дена.

Нуркачите претходно успешно спасија четири од 12 момчиња, а акцијата продолжува денеска, пренесува АП.

Гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, кој е надлежен за акцијата за спасување рекол дека наредната фаза од операцијата за спасување ќе започне за 10 до 20 часа.

Тој нагласува дека во акцијата за спасување учествувале 13 странски и пет тајландски нуркачи, а дека секое момче е извлечено во придружба со двајца нуркачи.

Некои од момчињата се префрлени со хеликоптери во блискиот град Чијанг Рај, каде возила на итна помош ги пренесуваат во болница, наведува Ројтерс.

Момчињата, на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер во пештерата се наоѓаат од 23. јуни.

Leave a Reply