Акција „Вдоми куче“ во Кумново

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата „Вдоми куче“ што ја организира секторот за инспекциски надзор од општина Куманово, во соработка со здружението за заштита на животни „Љубов и дом“. Организаторите се задоволни од одѕивот на кумановци за оваа акција.

– Се решивме за ваква акција за граѓаните да си одберат миленик. Кученцата се исчистени од паразити, чипирани и такви се подаруваат на граѓаните, изјави Драгица Мишевска од „Љубов и дом“.

Манифестацијата ја поддржа и новиот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски и апелираше до граѓаните да ја поддржат и да вдомат куче и на овој начин да помогнат во надминување на како што рече, се поголемиот број кучиња скитници на подрачјето на општината.

– Согласно законските решенија ние имаме обврска да ги заловуваме и пуштаме на местото од каде се заловени. Ова е сериозен проблем во Македонија кој што општина Куманово не може да го реши и единствено со организирани акции со помош на државата може да се справи со овој проблем. Сепак, се работи за живот без разлика дали е тоа живот на човек или живот на кученце, маче или било кое друго животно, треба да покажеме хуманост, изјави градоначалникот  Димитриевски.

Тој потсети дека Куманово е една од ретките општини која поседува стационар, но потенцираше дека градот се соочуваа со голем број на кучиња, кои некои организации и поединци ги пуштаат од другите општини во Куманово. Апелираше до здруженијата и до организациите кои работат на оваа проблематика, заеднички со општината да работат на надминување на овој проблем и да се изгради современ стационар за вдомување кучиња.

Текст: МИА / фото: архива

Loading...