Ахил – мачорот кој ги предвидуваше резултатите од Мундијалот е конечно вдомен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мачорот Ахил од Ермитаж, кој стекна светска популарност со предвидување на натпреварите на неодамнешното одржано Светско првенство во фудбал во Русија, успеа да усреќи многу луѓе ширум планетата со своите предвидувачки способности, но овој пат среќата пристигна и во негови раце. Него го вдоми неговата ветеринарка Ана Кондратјева.

– Разгледавме 37 кандидати и луѓе гарантираа дека Ахил ќе има среќен живот и дека нема да го спречува неговата општествена работа, затоа што тој посетува болници и има добра комуникација со болни деца, рекла претставничката на музејот Ермитаж Марија Калтунен.

Таа истакнала дека е зибран кандидат за кого многумина ќе се сложат дека е најдобар избор за Ахил, пренесува агенцијата ТАСС.

Кондратјева, ветеринарката на сите мачки во Ермитаж, постојано го следи здравјето на Ахил исте настани во кои тој учествува. Таа била и една од организаторките на предвидувањата за Мундијалот.

Мачорот Ахил предвиде натпревари така што бираше една од две чинии со храна покрај кои имаше знамиња на репрезентациите.

https://youtu.be/euZitENTALI

Loading...

Leave a Reply