Аеросолизација против аерозагадување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово попладнево почна со постапка на аеросолизација во централното градско подрачје, мерка која се презема за намалување на аерозагадувањето.

Loading...

– Аеорисолизацијата како метода, веќе е користена на територијата на Куманово и дава резултати во намалување на загадувањето на воздухот, напиша на социјалните мрежи, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Во текот на денот, екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило” насадија нов дрворед со платани на улицата „Гоце Делчев” и ги обновија постоечките на „Народна Револуција” и „Бајрам Шабани”.

Наредните денови ќе се насадат 250 листопадни садници, платани, јасен, жална врба, 200 зимзелени садници и 300 украсни грмушки на повеќе локации во градот.

Вчера во Куманово аерозагадувањето беше алармантно, мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот покажаа дека концентрациите на ПМ10 честичките се неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности.

Leave a Reply