Адвокатот на т.н Командант Малишева го негира обидот за убиство на неговиот клиент

Сподели со своите пријатели

По објавување на веста за обидот за самоубиство на т.н Командант Малишева од страна на АЛСАТ – М, адвокатот на обвинетиот кој моментално се наоѓа во притвор во затворот во Прилеп, за весникот ЉАЈМ изјави дека тој стапил во контакт со управата, од каде се негирани овие информации.

Loading...

Насер Рауфи, адвокат на обвинетиот Мухамет Красниќ, кој е дел од кумановската група што изврши напад во Диво Насеље во Куманово на 9 мај, вели дека тој разговарал со управата на затворот, од каде бил информиран дека  Малишева не се обидел да си го одземе својот живот.

Несигурен во изјавата дадена од управата, адвокатот вели дека денес ќе се упати во затворот во Прилеп каде и директно ќе се увери за моменталната состојба на Малишева, пренесува Љајм.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, АЛСАТ – М објави вест дека т.н Командант Малишева извршил обид за самоубиство со пиење на солна киселина.