„Acer“ повторно има најтенок лаптоп во светот

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Acer“ на овогодинешниот CES саем пристигнува со три нови лаптопи, кои претставуваат ажурирани верзии на претходните модели. Помеѓу лаптоповите се издвојува и надоградениот „Swift 7 Ultrabook“.

Лаптопот сега е уште потенок од претходната верзија и има дебелина од само 8,98 милиметри. Компанијата тврди дека ова е најтенок лаптоп во светот.

„Swift 7 Ultrabook“ го карактеризираат прилично добри спецификации, кои вклучуваат Core i7 procesor од седма генерација, 8GB RAM, 256GB PCIe SSD, додека екранот е надограден од 13,3-инчен на 14 инчи и задржува 1080p резолуција. Една важна промена која ја носи овој модел е имплементацијата на 4G LTE, што се уште е прилична ректост помеѓу лаптоповите.